Електронски игри на среќа на ВЛТ апарати

imgОсновната дејност на ДВЛМ е организирање и приредување на електронски и интернет игри на среќа, согласно позитивната законска регулатива на Република Македонија.

imgБрендот 2 Win - Електронски игри на среќа опфаќа палета на игри на среќа на специјализирани терминали - ВЛТ апарати, наменети за физички лица над 18 години. За таа цел ДВЛМ постави видеолотариски терминали од брендот ЕГТ кај нашите деловни партнери. На локациите каде се поставени видеолотариски терминали ширум Македонија, играчите моажат да го реализираат играњето на видеолотариските игри на среќа.

ДВЛМ работи согласно важечката законска регулатива и светските стандарди за организирање на игри на среќа. Применуваме најсовремена технологија за сигурност и контрола на безбедноста и квалитетот, а нудиме модерни, интересни и разновидни игри на среќа. Со цел да се спречат негативните последици од играњето игри на среќа, ДВЛМ посвети посебно внимание на утврдување на стандардите со кои се овозможува реализирање на политиката на одговорно играње, но и политиката на одговорно приредување на игри на среќа.

ВЛТ локации

Интернет игри на среќа - www.2win.mk

Брендот 2Win кој се однесува на Интернет игрите на среќа е играчка платформа, во чиј состав се вклучени видеолотариските игри и спортско обложување за физички лица. Нашата визија е да прераснеме во платформа за игри на среќа која ќе биде конкурентна со светски познатите интернет сајтови за игри на среќа. Моментално на нашата играчка платформа достапна на интернет вклучени се 32 интернет игри на среќа и тоа: Видеолотариски игри и Спортско обложување. Во перспектива сакаме ова да се надополни со играчки содржини како:

img
  • Обложување во живо
  • Покер
  • Виртуелни спортови
  • Виртуелни грепки
  • Виртуелно касино
  • Касино во живо
  • Други забавни игри
  • Уплата на традиционалните игри на среќа на Државна лотарија на Македонија

Интернет игрите на среќа се играат со претходно регистрирање, согласно понудените инструкции. За да се реализира тоа, нудиме пакет на модерни и разновидни игри на среќа. Настојуваме нашата понуда да ја усогласиме со практична примена на најсовремената технологија која ќе гарантира сигурност, безбедноста и квалитетот на сите кои ќе ги играат нашите игри на среќа.