Основната дејност на Државната видеолотарија на Македонија е организирање и приредување на електронски и интернет игри на среќа, согласно позитивната законска регулатива на Република Македонија.
Електронски игри на среќа опфаќаат палета на игри на среќа на специјализирани терминали - ВЛТ апарати, наменети за физички лица над 18 години. За оваа цел ДВЛМ постави видеолотариски терминали од брендот ЕГТ кај нашите деловни партнери. На локациите каде се поставени видеолотариски терминали ширум Македонија, играчите можат да го реализираат играњето на видеолотариските игри на среќа.
Државна видеолотарија на РМ на први јуни 2016 ги започна ЏЕК ПОТ добивките. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. МИНИ ЏЕК ПОТ добивките се во вредност од 4 илјади до 5 илјади денари, додека најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка е вредна од 1.200.000,00 до 1.800.000,00 денари.
ДВЛМ работи согласно важечката законска регулатива и светските стандарди за организирање на игри на среќа. Применуваме најсовремена технологија за сигурност и контрола на безбедноста и квалитетот, а нудиме модерни, интересни и разновидни игри на среќа. Со цел да се спречат негативните последици од играњето игри на среќа, ДВЛМ посвети посебно внимание на утврдување на стандардите со кои се овозможува реализирање на политиката на одговорно играње, но и политиката на одговорно приредување на игри на среќа.
Државна видеолотарија на Македонија има отворен повик за деловна
соработка за прием на уплата на влогови за
игри на среќа преку видео лотариски терминали.
Сите детали за повикот ви се достапни на следниот линк:
Деловна соработка за прием на уплата на влогови за игрите на
среќа преку видео лотариски терминали