Политика за квалитет

Државна видеолотарија на Република Македонија обезбедува висок и постојан квалитет во игрите на среќа кои ги приредува во Република Македонија во согласност со законската регулатива и меѓународните стандарди за работа во областа на игрите на среќа.

Државна видеолотарија на Република Македонија се стреми на клиентите да им обезбеди современи, безбедни и регулирани платформи за игри на среќа кои во целост ги задоволуваат и надминуваат нивните барања и очекувања.

Државна видеолотарија на Република Македонија применува најсовремена технологија за телекомуникациската, хардверската и софтверска инфраструктура во своето работење, со што обезбедува максимална сигурност, доверливост и контрола на услугите.

Државна видеолотарија на Република Македонија во соработката со своите добавувачи и деловни партнери се стреми континуирано да го унапредува квалитетот на добиените материјали и услуги со цел да обезбеди максимален квалитет за своите клиенти.

Државна видеолотарија на Република Македонија е посветена кон принципите на општествена одговорност со цел на клиентите да им обезбеди максимум забава и минимум непријатности.

Државна видеолотарија на Република Македонија го поддржува Системот за Управување со Квалитет во согласност со барањата на меѓународниот стандард ISO 9001:2008, законската регулатива, индустриските стандарди и најдобрите практики за организирање на игри на среќа и применува процесен приод кон создавањето и одржувањето на системот за управување со квалитет.

Државна видеолотарија на Република Македонија се стреми да одржува тим од високо квалификувани, компетентни и мотивирани вработени, при што секој вработен е свесен за важноста на своите активности во однос на остварување на целите и задачите на ДВЛМ.

Државна видеолотарија на Република Македонија континуирано го следи степенот на задоволство на играчите, ги проучува нивните препораки и барања, и притоа извршува идентификација, планирање, спроведување, контрола и континуирано подобрување на сите процеси кои имаат влијание врз квалитетот на услугите на ДВЛМ.

Врвното Раководството на Државна видеолотарија на Република Македонија периодично извршува контрола на политиката, функционирање на системот за управување со квалитет, исполнување и поставување на нови цели за квалитет.

Скопје, 31.01.2015

ISO сертификација

Државна видеолотарија на Република Македонија има воспоставено Систем за Управување со Квалитет согласно ЕN-ISO 9001:2008 во доменот на: Приредување на електронски и интернет игри на среќа

ISO сертификација