Одговорното играње е играње кога имате пари, а не кога Ви требаат пари. Главниот мотив за игра е забава. Одговорното играње значи јасно одредување на прифатливата загуба ( колку сме подготвени да вложиме во игра) пред самото отпочнување со игрите на среќа на ДВЛМ.

1. Игрите на среќа играјте ги заради забава
Доколку повеќе не уживате во игра, прашајте се зошто би продолжиле со играта.
2. Парите кои ќе ги изгубите, сметајте ги за цена на вашата забава
Секоја добивка сметајте ја за награда
3. Одредете износ до кој планирате да трошите и не го менувајте
4. Одредете колку од своето време сакате да издвоите за играње на игри и држете се до тоа
Без оглед дали добивате или губите во еден момент, прекинете и заминете кога ќе истече времето кое сте го планирале.
5. Очекувајте загуба
Бидете свесни дека веројатноста да изгубите е поголема од веројатноста за постигнување на добивка.
6. Одредете правило да не играте игри на среќа на кредит
Не позајмувајте пари!
7. Создадете рамнотежа во својот живот
Играњето игри на среќа не би смеело да ви пречи или да ви ги замени пријателите, семејството, работата или некои други активности
8. Избегнувајте лов на загубени пари
Вашите загуби веројатно ќе бидат поголеми, што повеќе се обидувате да го вратите изгубеното
9. Не играјте игри на среќа за да заборавите или да побегнете од емоционална или физичка болка
Во случај играњето да стане повеќе од забава, тоа може да биде вовед во проблеми
10. Едуцирајте се и запознајте се со знаците на проблематичното играње игри на среќа
Што повеќе знаете, носите подобри одлуки во својот живот. Плус, полесно може да ги препознаете оние на кои им е потребна помош

Одговорност кон играчите

Пласман на информации

Одговорното приредување на игрите на среќа подразбира давање на информации на играчите, без разлика дали станува збор за веројатност на добивките или за превенција за прекумерното играње игри на среќа, за да можат тие во секое време да донесат исправна одлука за своето учество во играта. Сите информации треба да бидат исправни, прецизни и навремени. Информациите треба бидат поставени на видливи места, за да може секој играч да ги забележи.

Едукација на играчи

Со цел да се спречат негативните последици од играњето игри на среќа, ДВЛМ посвети посебно внимание на утврдување на стандардите со кои се овозможува реализирање на политиката на одговорно приредување на игри на среќа, но и политиката на одговорно играње. Ова се прави за да се намали ризикот за сите играчи, посебно на тие кои припаѓаат на ранливите општествени категории.

Политиките на Државна видеолотарија на Македонија за одговорно играње и приредување на игри на среќа се темелат на превенција и едукација. Во таа насока, ние настојуваме сето ова да го популаризираме, со цел да и го доближиме на широката јавност. Користејќи ги комуникациски канали, сакаме играчите да добијат прилика да се едуцираат и информираат за активности во врска со играњето на игри на среќа, да се насочат кон свесно одбирање на игрите на среќа и учествување во нив. Крајната цел е да се превенира појавата на патолошкото играње во нашето општество.

 

Не верувајте на митовите за играчите со проблеми на зависност од коцкање

Често споменувано како „скриена зависност“, со оглед на фактот дека нема надворешни знаци како на пример алкохолот или дрогата, проблематичното и патолошко коцкање се врзува со многу митови.

Истражувањето кое го спровело Националниот орган за проблематично коцкање (National Council on Problem Gambling – SAD) покажува дека на годишно ниво 6-9 милиони Американци имаат проблем со коцкање, а само мал дел од нив бараат проблем во облик на советување или програма за самопомош.

Разоткривањето на одредените митови може да ја зголеми свесноста и помошта да се зголеми бројот на зависници од коцка кои ќе добијат потребна помош. Митовите за проблематично коцкање вклучуваат :

Мит: Играчите со проблем на зависност од коцка се едноставно неодговорни, всушност може да престанат да се коцкаат кога ќе посакаат Факт: Многу играчи кои проблематично или патолошки се коцкаат, одговорни се за членовите на една заедница. Всушност, дури и луѓе кои имаат долгорочно одговорно однесување можат да развијат зависност од коцка. Во текот на моментите од проблематичното, зависничко однесување, зависниците не се во можност да ја задржат контролата над својата игра, па во таква состојба на загрозено однесување, нивните постапки изгледаат како неодговорно однесување.
Мит: Коцкањето всушност не е проблем доколку играчите можат финансиски да си го дозволат Факт: Неумереното коцкање не е само финансиско прашање. Кога играњето на среќа станува проблем, тоа може да влијае на кариерата на играчот, на семејството, па и многу повеќе од тоа.
Мит: Да станеш зависник, треба да се коцкаш секој ден Факт: Патолошки коцкари можат да се коцкаат често, но и мошне ретко. Кога играњето игри на среќа предизвикува психолошки. Финансиски, брачни или емоционални последици, тогаш тоа е зависност.
Мит: Зависниците својата потреба а игра ја задоволуваат со било која игра ( се обложуваат на се и сешто) Факт: Поголемиот број на проблематични или патолошки коцкари имаат омилена игра, преферираат одреден вид на игра, а таа во суштина и им предизвикува проблем.
Мит: Зависноста од коцка не ги погодува децата Факт: Претпоставен процент на возрасни со развиени проблеми на зависности од коцка во Висконсин е 5 до 7%, но процентот на адолесцентите со овој проблем е дупло поголем.
Мит: Проблематичното и патолошко коцкање лесно се препознава Факт: Проблематичното коцкање, често опишано како „ скриена зависност“, може лесно да се прикрие бидејќи нема препознатливи симптоми, како што е на пример случај со зависностите од алкохол или дроги. Зависникот од коцка, иако не консумира никакви супстанци, доживува еднаков ефект како некој кој консумира алкохол или дрога. Коцкањето им го менува расположението на личностите, па затоа зависникот постојано ги повторува постапките кои го довеле во таа состојба во настојување да го постигне истиот ефект.

Мошне важно е да се разбере дека поголемиот број луѓе може да ги играат игрите на среќа без негативни последици. Меѓутоа мал процент од нив, развиваат огромни економски, семејни, социјални и психолошки проблеми поради проблематичното коцкање.

Последиците достигнуваат подалеку од самиот поединец кој ја развил зависност и се протегаат на семејството, пријателите, соработниците и заедницата на играчот.

Извор: G4, The Global Gambling Guidance Group

Одговорност кон општеството

За нашата компанија, општеството е особено важна тема. Како компанија, свесни сме за одговорноста која ја имаме. Од тие причини инвестираме во промоција на вредности поврзани со образованието, спортот, негуваме идеја за еднаков третман на сите учесници во општеството.

ДВЛМ со донација за Специјална Олимпијада Македонија

imgДржавна видеолотарија на Република Македонија во склоп на својата визија за општествено одговорна компанија, продолжи во своите настојувања да ги потпомогне оние кои имаат потреба од поддршка, негувајќи ја идејата за еднаков третман на сите во општеството. Со донација ги охрабривме членовите од Специјална Олимпијада Македонија во остварувањето на нивниот предизвик- учество на Летните олимписки игри во Лос Анџелес.

Од 25 јули до 2 август во Лос Анџелес, САД се случуваат Летните Олимписки Игри на Специјална Олимпијада. Станува збор за најголемиот глобален, спортски и  воедно хуманитарен настан, на кој 7.000 атлети и 3.000 тренери од 177 земји ќе се натпреваруваат во 25 Олимписки спортови и ќе ја демонстрираат храброста, решеноста и спортскиот дух пред повеќе од половина милион директни навивачи на спортските арени.

На овој настан годинава, учество има и Специјална Олимпијада Македонија со најголема олимписка делегација во историјата на Македонија. Македонската делегацијата на овие Олимписки игри ќе учествува со 18 атлети кои ќе се натпреваруваат во 4 спортски дисциплини: пливање, пинг-понг, атлетика и јунифајд кошарка (тим составен од регуларна популација и лица со интелектуална попреченост во развојот), 5 тренери и 3 делегати, вкупно 26 лица.

Овој настан е прилика нашата екипа да ја развие својата физичка кондиција, да се радува и забавува, но и да го почувствува натпреварувачкиот дух, а тоа веруваме дека ќе има позитивен одраз врз секој поединец, член на оваа екипа. Токму затоа, тимот на Државна видеолотарија на РМ на сите членови на Специјална Олимпијада Македонија им посака успех во реализацијата на оваа убава мисија.

Државна видеолотарија ги поддржа младите хемичари од Македонија

imgОд 20 до 29 јули, главниот град на Азербејџан- Баку ќе биде домаќин на 47то издание на Меѓународната олимпијада за хемија. Организатор на оваа олимпијада е Московскиот државен универзитет Ломоносов. Во нивниот кампус во Баку, годинава ќе се соберат 300 ученици од целиот свет. Во трката за медал ќе се вклучи и македонска екипа под менторство на Стефанова Марина и Богданов Јане. Горјан Стојков, Зоран Гаврилов, Стефанова Елена, и Филип Трајковски во Баку ќе се обидат да ги одбранат боите на Македонија со своето знаење од областа на хемијата. 

Државна видеолотарија на РМ препознавајќи го потенцијалот на оваа млада и талентирана екипа, реши да го поддржи нивното учество со донација со која им овозможува да го покажат своето знаење, натпреварувајќи се рамноправно со нивните врсници од светот.

„Животот е огромна хемиска лабораторија, знаат да кажат научниците. Па, затоа ние одлучивме да ги поддржиме оние кои имаат талент и знаење да ја престават хемиската лабораторија од Македонија во Баку. Ни преставува чест, а воедно и задоволство што Државна видеолотарија на РМ има шанса да поддржи талентирани млади луѓе кои ќе се обидат да освојат нови подрачја во светот со своето знаење. Ние го препознавме потенцијалот кај овие младинци, па затоа и решивме да ги охрабриме и да ги растеретиме, оставајќи им простор да го покажат своето знаење во најдобро светло на Меѓународната олимпијада за хемија во Баку. Посакуваме да постигнат успех, а воедно нивното учество да биде поттик за создавање на вредности со кои се покажува дека знаењето отвора нови видици и сознанија, но и можности за долгорочно насочување на младите луѓе“ - изјави директорот на Државна видеолотарија на РМ, Дане Кузмановски.

Меѓународната олимпијада по хемија за прв пат се одржа во 1968, во Прага. Од тој датум, прерасна во годишна традиција која ги собира младите полни со знаење и талент од подрачјето на хемијата, ширум целиот свет. Македонија на Меѓународната олимпијада по хемија се преставува од пред две години, 2013 во Ташкент и 2014 во Витнам. Во 2013та Филип Илиевски освои бронзен медал и награда за посебен успех.