Добредојдовте на страната за кариера на Државната видеолотарија на Република Македонија

Тргнувајќи од современите трендови на општеството, развојот се насочува кон создавање модерна мрежа на игри на среќа, пред се на интернет игрите на среќа, на кој начин ДВЛМ ќе придонесе за збогатување на понудата за забава на граѓаните на Република Македонија и посредно ќе бидат генерирани повеќе средства за општествено корисни активности и хуманитарни настани.

Во таа насока соодветното и успешното управување со човечките ресурси може да им обезбеди на вработените поволно професионално опкружување, како и одржување и понатамошен развој на капацитетите на вработените. Добро обучени и компетентни вработени имаат значајна улога во постигнување на висок квалитет во работењето и во резултатите од работата. ДВЛМ континуирано се стреми кон нејзино надградување како професионална компанија која одржува континуирано висок квалитет во своето работење што конечно ќе резултира со почитување од страна на основните корисници на резултатите од работењето, а тоа се играчите на игри на среќа.

Државна видеолотарија на Република Македонија континуирано се стреми кон

  • перманентно подобрување на условите за работа;
  • континуирано надградување на професионалните и стручните способности;
  • еднакви услови за унапредување и
  • соодветно наградување според остварените резултати.

Што нудиме

Меѓународна работна средина

ДВЛМ овозможува работна средина во која квалитетот се почитува и наградува и во која сите вработени се охрабрени да го развиваат својот талент и интерес.  Како дел од касинос аустриа интернатионал семејството, ДВЛМ им нуди можност на своите вработени да работат во меѓународна средина и да разменуваат знаења, искуства и најдобри практики со своите колеги од 


Континуиран развој
Нашата компанија се обврзува на континуирано учење и развој на нашите вработени.  Вработените се срцето на нашиот динамичен бизнис, а нашата конкурентност се состои токму во нивната способност, флексибилност и одговорност кон нашите корисници. Затоа, на вработените им нудиме можности за континуиран развој преку многу формални и неформални обуки и други алатки за развој. 

Што бараме

Информатички технологии – Windows Server 2012, Red Hat Linux, Cisco IOS, SQL, мрежи, управување со проекти.

Финансии – аналитички вештини, познавање на финансиско работење, искуство со финансиски анализи и извештаи, напредно познавање на Excel.

Маркетинг – искуство со корисници, продажни вештини, одлични комуникациски вештини, насочен/а кон наоѓање решенија, напредно познавање на Excel.

Право – искуство во областа на трговското право и работните односи, познавање на областа на регулативата од областа на игрите на среќа

За сите работни позиции задолжително е одлично познавање на англиски јазик (писмен и говорен), како и познавања и/или интереси од областа на телекомуникациите.

Испраќање на CV


Прикачете го вашето CV